Search

Наумовска бара извинување од Ѓорчев оти ја клеветел

Интегрален текст од изјава на Жаклина Наумовска, кандидатит за советник во Советот на Општина Битола и секретар на ОО СДСМ Битола

-Категорично ги демантирам тврдењата на функционери на ВМРО – ДПМНЕ за моја вмешаност во снимката од битолски Баир што вчера ја објави опозицијата партија. Станува збор за уште еден беден и јалов обид за моја лична и дискредитација на мојата политичка партија СДСМ, но и обид за поткопување на целиот изборен процес во Битола и земјава.

Барам јавно извинување од пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Влатко Ѓорчев, како и од кандидатот за член на Советот на Општина Битола, Марко Јосифовски за јавно изнесената лага. Јас, Жаклина Наумовска, не сум жената на фамозната снимка. Затоа, согласно Кривичниот законик на Република Северна Македонија барам јавно извинување од споменатите за изречената лага и клевета во јавноста. Во спротивно, ќе ги преземам сите законски мерки за заштита мојот углед и достоинство.

Снимката, почитувани граѓани, не потсети сите колку мачно и темно беше во времето на режимот кога неовластено се снимаше, се прислушкуваше, се правеа конструкции и подметнувања, се загрозуваа животи и кариери на противниците. Граѓаните нема да дозволат враќање во минатото и уште еднаш силно ќе гo поразат ВМРО – ДПМНЕ и режимските методи нивната политичка битка.

 

Треба да знаете
Последни објави