Search

Науката и иновациите го менуваат начинот на консумирање тутун

Светот се менува, и во согласност со него, се менуваат и навиките, потребите и очекувањата на потрошувачите. Поради тоа, иновациите, примената на науката, дигитализацијата и трансформацијата се неопходни промени за традиционалните индустрии за нивно прилагодување на барањата на современиот пазар. За компаниите кои нема да ја препознаат потребата за промена и кои немаат визија и храброст за многу често радикална сопствена трансформација, промените честопати можат да бидат фатални. 

Водечката компанија во тутунската индустрија, гигантот Филип Морис Интернешнл (ФМИ) меѓу првите одлучи дека традиционалните цигари треба да заминат во историјата. Основната идеја на ФМИ е дека светот се менува, се менува начинот на кој комуницираме, начинот на кој патуваме, па и начинот на консумирање тутун. Пушачите, кои сакаат да продолжат да уживаат во тутунот, имаат потреба тоа да го прават на поинаков начин – користејќи помалку штетни производи, кои немаат чад, пепел и непријатна миризба. Поради тоа, компанијата ја почна сопствената трансформација, но и трансформација на индустријата која не беше променета повеќе од 150 години. Сите знаеме дека цигарите не се здрави, знаеме кои се можните последици и дека вистинската одлука е престанок на пушењето. Меѓутоа, голем број пушачи не се одлучуваат на ваков чекор, наведувајќи го никотинот како една од причините за пролонгирање на оваа одлука. Познато е дека никотинот е супстанца која природно се наоѓа во тутунот и не е без ризик, бидејќи предизвикува зависност, но познат е и фактот дека никотинот не е примарен причинител на болестите поврзани со пушењето. Тутунскиот чад е она што е најштетно кај цигарите, бидејќи кога ќе запалиме цигара, во чадот од тутунот настануваат повеќе илјади опасни материи кои можат да предизвикаат негативни последици по здравјето. 

По долги години неуспешни кампањи за борба против пушењето, конечно и науката ги вмеша своите прсти и како опција се појавија бездимните уреди базирани на технологијата на загревање, а не на согорување на тутунот. Еден од тие уреди е и IQOS, кој користи вистински тутун, доволно го имитира ритуалот на пушење, со цел тврдокорните пушачи да ги одвои од цигарите, а истовремено во голема мерка да ги намали здравствените ризици.  Се работи за иновативно решение во начинот на консумирање на тутун, развиено врз база на научни докази, и е потенцијално помалку штетна алтернатива на цигарите. IQOS е направен да биде повеќе од уред. Интеракцијата помеѓу материјалите, модерниот дизајн и бојата го прави навистина уникатен и личен предмет. Нешто што е повеќе од збирот на неговите физички делови.

Измина година и половина откако револуционерниот уред IQOS е официјално пуштен во продажба на македонскиот пазар. Истиот може да се најде во поголемите трговски центри во Скопје, во повеќе градови во Македонија, но достапен е и за онлајн нарачка. Во текот на оваа година, кај нас беше лансирана и лимитираната едиција Moonlight Silver на IQOS 3 DUO уредот со нијанса на месечев отсјај, инспирирана од величествена нијанса на месечината. Покрај него, годинава на македонскиот пазар се појави и LIL SOLID 2.0, нов производ кој не го гори, туку само го загрева тутунот. Создаден e од KT&G, водечка компанија за производство на вакви производи во Јужна Кореја, а почетокот на неговата продажба во Македонија е резултат на соработката помеѓу Филип Морис и KT&G.

Идејата за иднина без чад, ФМИ ја трасира од 2014 година а од тогаш до денес повеќе од 19 милиони пушачи веќе се префрлија на IQOS, додека 14 милиони ги напуштија цигарите засекогаш. Во јули 2020 година, американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го класифицираше овој уред во категоријата на производи со модифициран ризик, препознавајќи дека научните студии покажуваат дека целосното префрлување од цигари на овој уред ја намалува изложеноста на човечкото тело на штетни и потенцијални штетни материи. Науката, фактите и иновациите остануваат двигатели на развојот на Филип Морис и во следниот период компанијата очекува понатамошно забрзување и проширување на своето портфолио на помалку штетни производи. Најважна цел за компанијата е да ги претстави научно докажаните факти и да ги потисне лажните верувања со точни информации кои се научно поткрепени.

Треба да знаете
Последни објави