Search

Натпреварот ПСЖ – Манчестер јунајтед ќе се игра без публика поради полициски час

Натпреварот од 1. коло во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите Пари Сен-Жермен – Манчестер јунајтед ќе се одигра без публика. Средбата е  закажана за во вторник (20 октомври).

Вчера францускиот претседател Емануел Макрон воведе полициски час во регионот Ил-де Франс во кој влегува и Париз. Се забранува излегување на улица од 21 до 6 часот, како и посета на стадионите.

Претходно, УЕФА дозволи присуство на одреден број гледачи на стадионите доколку согласност дадат локалните власти.

Треба да знаете
Последни објави