Search

Натпреварот Арсенал – Манчестер сити нема да биде пренесуван во Кина поради изјавата на Озил

Натпреварот од 17. коло од англиската Премиер лига меѓу Арсенал и Манчестер Сити нема да биде прикажан во Кина, пренесува кинескиот национален весник „Глобал тајмс”.

Според весникот, изјавата на играчот од средниот ред на Арсенал, Месут Езил ги разочара навивачите и фудбалските власти.

Претходно, Германецот со турско потекло, ја критикуваше Кина на Твитер, која е обвинета за угнетување на Ујгурите – домородното население на Источен Туркестан кое е со исламска вероисповед. Езил исто така ги критикуваше муслиманите кои молчат за овој проблем.

Треба да знаете
Последни објави