Search

Натпреварот Аргентина – Саудиска Арабија најпосетен на Светското првенство во последните 28 години

Натпреварот од групната фаза на 22. Светско фудбалско првенство кое се одржува во Катар, помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија (1:2) привлече 88.012 гледачи на стадионот „Лусаил Иконик”, што го прави најпосетениот натпревар на мундијалите во последните 28 години.

Претходно повеќе гледачи присуствуваа на финалето на Светското првенство во 1994 година – 94.194 гледачи, а во него играа Бразил – Италија 0:0, на пенали 3:2, стадион Роуз Боул, Пасадена, Калифорнија, САД).

Според официјалната веб-страница на организацискиот одбор на Светското првенство во 2022 година, капацитетот на стадионот Лусаил Иконик е 88.966 гледачи. 

Треба да знаете
Последни објави