Search

Натпреварите во Германија ќе бидат без публика до крајот на 2020 година

– Натпреварите во Бундеслигата, најверојатно, ќе се играат без публика, не само до крајот на оваа сезона, туку и до крајот на 2020 година.

Ова го изјави во интервју за „Њујорк Тајмс” главниот извршен директор на Лигата, Кристијан Заиферт.

Шефот додава дека сите екипи од германската елита веќе тренираат и уште еднаш го потврдија планот за обновување на сезоната на почетокот на мај и завршување пред 30 јуни.

Натпреварите ќе се играат на сите 36 стадиони на екипите од Првата и Втората Бундеслига. Според Заиферт, во овие услови нема да има летен трансфер прозорец во Европа.

– На краток рок, јас би рекол дека трансфер пазарот нема да постои ова лето, тој ќе пропадне. Некои агенти одеднаш ќе сфатат дека ќе треба да работат напорно или барем да работат; некои лиги ќе сфатат дека парите не се нешто што автоматски паѓаат секој месец од небото, рече Заиферт.

Треба да знаете
Последни објави