Search

НАТО ќе ја зајакне својата мисија во Ирак

Министрите за одбрана од земјите членки на НАТО се согласија да ја зајакнат мисијата на Алијансата во Ирак во координација со Багдад, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Тој претходно соопшти дека организацијата планира да ја обнови програмата за обука на војската, доколку тоа го побара Ирак. Според него, Алијансата се консултирала со ирачката Влада, вклучително и на ниво на премиер, министер за надворешни работи и претседател.

„НАТО ја засилува својата борба против меѓународниот тероризам”, напиша Столтенберг на Твитер. Тој додаде дека министрите за одбрана се согласија да ја обноват мисијата за обука во Ирак во тесна соработка и координација со ирачката влада. Обуката беше запрена во јануари, по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани. Парламентот Ирак донесе одлука од земјата да се повлечат сите странски војски. Подоцна Багдад соопшти дека новата форма на соработка со НАТО треба да биде од таков тип што ќе го почитува суверенитетот на Ирак.

Треба да знаете
Последни објави