Search

НАТО: Слободата на изразување е важна во секоја демократија

На прашањето од црногорскиот весник „Вијести” дали Северноатлантската алијанса е известена за случувањата во Црна Гора, дали ја следи ситуацијата, дали постои безбедносен ризик и каква е праксата на Алијансата кога во земја-членка постои ризик, од НАТО истакнаа дека не се мешаат во внатрешните прашања.

НАТО не се меша во внатрешните работи на своите членки, а слободата на изразување е важна во секоја демократија се додека тоа се прави на мирен начин, соопшти Алијансата по повод најновите случувања поврзани со Законот за слобода на вероисповед во Црна Гора.

„Вијести” потсетува дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во неодмнешното интервју за Телевизија Црна Гора истакна дека не е  точно оти поради одржувањето на литии во Црна Гора побарана е помош од НАТО.

– Немав вишок очекувања ниту од ЕУ ниту од НАТО, но би сакал да видам ваквите информации малку да ја протресат и бриселската администрација и другите центри, за да сфатат дека времето на Балканот дефинитивно не стои. Би очекувам Европа да сфати дека ова е време за одлучна акција и да не ги прима западноевропските држави без претходно исполнети услови, но оти секој може да напредува ако ги исполни условите, посочи Ѓукановиќ.

Од кабинетот на Ѓукановиќ вчера го повторија истиот став.

Треба да знаете
Последни објави