Search

НАТО изрази жалење поради одлуката на Косово да формира армија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази жалење поради одлуката на Собранието на Косово да ги усвои законите за создавање косовска војска.

Во соопштение издадено по одлуката на косовското Собрание, Столтенберг го повтори ставот на Алијансата дека иако таа поддржува траснформација на Косовските безбедносни сили, сега е „погрешно време” за такво нешто.

Поради оваа одлука НАТО ќе го „преразгледа” степенот на „ангажман” со косовските безбедносни служби.

– Двете страни мораат да се осигураат дека денешната одлука нема дополнително да ги зголеми тензиите во регионот. Сите одговорни политички актери во регионот треба да се фокусираат на реформски прогрес и на дијалог, стои во соопштението.

НАТО уште еднаш ги повика Белград и Приштина да останат „смирени” и да избегнуваат изјави и акти кои „водат до ескалација”.

Треба да знаете
Последни објави