Search

НАТО врз Југославија фрлил 22.000 тони проектили, сега ќе се утврди точниот број загинати

Комисијата која ќе го утврдува точниот број загинати во текот на агресијата на НАТО врз СР Југославија во 1999 година ќе биде формирана на иницијатива на претседателот на Србија, пренесува „Спутник“.

Комисијата би требало да почне со работа на 24 март, на годишнината од почетокот на бомбардирањето, пишуваат „Вечерње новости”, а ќе биде формирана со одлука на српската влада, која ќе обезбеди и средства за нејзината работа.

Структурата на комисијата ќе се заснова на вертикална организација – од локалните полициски станици и воени отсеци до гробиштата и црковните парохии. Во министерствата, особено во Министерството за одбрана и во српското МВР како и ВБА и БИА, и на ниво на покраините и локалните самоуправи ќе бидат формирани работни групи за истражувања кои ќе имаат соработници и привремени работни тела.

Ни по две децении не постои точен список на сите жртаи, а проценките се дека од 24 март до 10 јуни 1999 година загинале меѓу 1.500 и 2.500 луѓе, а околу 6.000 биле ранети. Но, нивните имиња никој не ги попишал, ниту направил единствена база на податоци.

Засега се знае дека за 78 дена агресија загинале најмалку 79 деца и 754 припадници на војската и на полицијата. Ако се анализира периодот од 1 јануари 1998 година до крајот на бомбардирањето, убиени се 1.002 припадници на војската и полицијата.

За 11 недели секојдневни воздушни напади, НАТО извршил 2.300 удари на тогашната СР Југославија и фрлил 22.000 тони проектили, меѓу кои и 37.000 забранети касетни бомби и бомби со збогатен ураниум.

Треба да знаете
Последни објави