Search

Наташа Беквалац со провокативно видео соопшти дека се излечила

Пејачката Наташа Беквалац отпатува на одмор на Миконос од каде на социјалните мрежи своите обожаватели ги израдува со провокативно видео.

Имено, таа позирала на бели скали во едноделен маслинесто зелен костим за капење кој ги истакна нејзините облини.

Наташа ја допирала косата и уживала на сонцето и убавото време.

„Со некое чудо, излечена сум“ – напишала Наташа како опис на видеото на Инстаграм.

Многумина не останале имуни на оваа снимка, па пејачката добила многу комплименти на сметка на изгледот…

„Преубава“, „Совршенство“, Боженствено изгледаш“, „Пукаш колку добро изгледаш“, „Поубава него било кога“ – се само некои од коментарите под објавата.

Треба да знаете
Последни објави