Search

Натали Лоазо ја повлече својата кандидатура за претседавач со центристичката група во ЕП

Натали Лоазо ја повлече својата кандидатура за претседавач со центристичката група во Европскиот парламент, поранешната АЛДЕ, со што се покренува прашањето за француското влијание во Европарламентот, јави дописникот на МИА.

По тешкиот почеток во Брисел, поранешната министерка за европски прашања Натали Лоазо, која ја предводеше листата Ренесанса на партијата на шефот на државата Емануел Макрон, повеќе не е кандидат за претседател на центристичката група во Европскиот парламент.

– Натали Лоазо го направи овој избор да ги зачува интересите на Ренесанса и нашата способност да имаме тежина во следниот парламент, вели еден француски европратеник од оваа група.

Со 21 европратеник, партијата на францускиот претседател успеа да го смени името на групата, односно нивното учество беше условено со отстранување на името „либералана” од името.

Французите сега во најдобар случај можат да се надеваат на потпретседател, поради недостаток на силен кандидат, иако некои велат дека нивната амбиција е непроменета.

Предноста да се има претседавач со групата е пристапот до „Претседателска конференција” во Европскиот парламент. Тука се решава сè, од дневниот ред до обработката на најчувствителните податоци, но Франција нема да има ниту еден претставник.

Треба да знаете
Последни објави