Search

Настап на танцовиот ансамбл „Уна сага сербика” во МНТ

По повод празникот Сретение Господово, Ден на Државноста на Република Србија, вечер во Македонскиот народен театар ќе се одржи манифестацијата „Уна сага сербика” на која ќе настапи и истоименит атрактивен танцов ансамбл.

Покрај танцовиот ансамбл „Уна сага сербика” кој ги презентира убавината, историјата и културното наследство на Балканот, ќе настапат и хорот Симонида, актерката и професор на Факултетот за современи уметности во Белград Биљана Ѓуровиќ, како и музичарот Милош  В. Николиќ кој свири на кавал, гајда и фрула.

Манифестацијата ја организираат српските невладини организации во земјава.

Треба да знаете
Последни објави