Search

Наскоро ќе се отвори новата градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче

Градинката „Буба Мара“ во населбата Ново Лисиче добива целосно нов објект и ќе биде отворена наскоро. Градинката има нови 8 занимални со вкупна површина од 1.500 квадратни метри и капацитет за згрижување од 270 деца.

Градинката е готова и има добиено технички прием од стрна на Министерсрвото за труд и социјална политика.

За оваа намена се издвоени 40 милиони денари од буџетот на Општина Аеродром.

Општина Изработени се уште четири проекти за нови детски градинки, во Мичурин, целосно нов објект со површина од 2500 м2, три готови проекти за доградба на градинки, „Црвенкапа“ и „Изворче“ во Стар Аеродром, реконструкција на објектот „Пчелка 1“ во населба Лисиче.
Го решававме наследениот проблем со недостаток на капацитети во градинките. Обезбедуваме повеќе места и подобри услови за најмладите.

Фото: 24Инфо

Треба да знаете
Последни објави