Search

Наскоро отворање на уште една детска градинка во Гостивар

Во зградата на поранешното основно училиште во гостиварското село Долна Бањица, интензивно се работи за нејзина преадаптација во градинка.

За адаптацијата на градинката, Општина Гостивар ќе инвестира од околу 50 илјади евра, со што ќе се направи целосна реконструкцијата на објекот.

Внатрешната и надворешна реконструкција, како што соопшти Службата за информирање од Општина Гостивар, опфаќа нова електрична инсталација, нови санитарни јазли, керамички плочки, нов систем за водоснабдување и канализација, а и старите прозорци ќе се заменат со прозорци со енергетска ефикасност.

– Што се однесува до централното греење, ќе се инсталира топлинска пумпа како најсовремен стандард. Се очекува работите да завршат наскоро, а новата детска градинка ќе биде подготвена да прифати деца од сите националности, односно нивното згрижување и воспитување да се одвива на албански, македонски и турски јазик, се наведува во соопштението на Општината.

Од Секторот за јавни дејности при Општина Гостивар велат дека ова се должи на фактот што на листата за чекање на ЈУДГ „Детска радост” бројот е постојано висок и дека ова ќе биде добра прилика, особено за жителите на двете Бањици и на наслебите Дутле, Леска, Бањешница и Фазанерија да ги запишат децата во новата градинка. 

Треба да знаете
Последни објави