Search

Насилници претепале татко и ќерка во Камењане

Жител од селото Камењане пријавил дека вчера тој и неговата ќерка биле нападнати и истепани од тројца насилници од истото село.

Според полицијата, вчера во 17.40 часот во Полициското одделение Камењане, И.Ј.(52) од селото Камењане пријавил дека истиот ден околу 17.30 часот тој и неговата ќерка биле физички нападнати од соселаните М.Ј.(50), Ф.Ј.(45) и нивниот син А.Ј.(28).

Насилниците биле приведени во Полициското одделение Камењане.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави