Search

НАСА за крајот на март ја закажа првата вселенска прошетка наменета само за жени

Северноатлантската вселенска организација НАСА, за 29 март ја закажа првата прошетка низ вселената наменета само за жени, соопштија од оваа американска организација.

Астронаутките Ана МекКлејн и Кристина Кох ќе ја водат прошетката од Меѓународната вселенска станица (ISS), соопшти портпаролката на НАСА, Кетрин Хамблтон.

Двете жени повеќепати шетале во вселената, но на 29 март, ваков потфат по прв пат ќе биде изведен од женска астронаутка двојка.

На Меклејн и Кох исто така од Земјата ќе им помага трета жена, Кристен Фациол. Таа на 1 март објави дека кон крајот од месецот ќе биде на конзолата во Џонсон – вселенскиот центар на НАСА во Тексас.

Една недела пред вселенската прошетка, НАСА ќе им објасни на медиумите што точно ќе направат астронаутките, нагласи Хамблтон, додавајќи дека задачата дотогаш можеби и ќе се промени.

Треба да знаете
Последни објави