Search

Народот плаќа поскапи бензини поради Заев кој ја покачи цената на акцизата на бензините

Во период на здравствена и економска криза кога за десет месеци над 55. 000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без месечни приходи власта предводена од Зоран Заев без никаков срам  ја зголеми  цената на горивата.

Од Регулаторната комисија за енергетика информираа  дека горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денари. Ова е само доказ дека и во период на пандемија тие гледаат колку што можат да удрат по џебот на граѓаните.

Како да не им беше доволно што ја поскапија цената на електричната енергија, па сега повторно го осиромаштуваат граѓаните.

Зголемувањето на акцизата на горивата не само што ги засега буџетите на граѓаните на Република Македонија, туку тоа ги засега и стопанството и фирмите и компаниите, превозниците, таксистите и земјоделците.

Наместо подобар и побогат живот за граѓаните, СДСМ ги опљачка граѓаните и им донесе сиромаштија и глад.

 

Треба да знаете
Последни објави