Search

Народната банка започна со објавување на серијалот кратки едукативни текстови

Народната банка од денеска започнува со објавување на серијалот кратки едукативни текстови „Економија за секого“, а серијалот, како што се наведува, е наменет за сите сегменти од популацијата.

„Преку овие текстови, на едноставен јазик, ќе се обидеме да објасниме одредени поими или појави од областа на макроекономијата, финансиите и банкарството. Се надеваме дека преку серијалот ќе го доближиме нашето работење до јавноста и ќе придонесеме за подобро разбирање на повеќе економски прашања коишто имаат одраз во секојдневното живеење, а се директно или индиректно поврзани со централнобанкарското работење“ велат од НБРМ.

Со овој серијал, Народната банка се вбројува во редот на централнобанкарските институции со слични вакви активности, како дел од нивните напори за поголема едукација населението.

Првиот текст е веќе објавен на веб-страницата на Народната банка.

Треба да знаете
Последни објави