Search

Наришкин: Продолжуваме да соработуваме со ЦИА

Руските и американските разузнавачки агенции ја продолжуваат соработката во борбата против тероризмот, изјави денеска директорот на руската Надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин.

„Ние работиме особено со американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Нашата соработка ја опфаќа борбата против меѓународниот тероризам“, рече Наришкин.

Тој додаде дека Надворешната разузнавачка служба продолжува да соработува со другите земји во борбата против тероризмот.

Треба да знаете
Последни објави