Search

Наредната недела завршни зборови за „крвавиот четврток“

Откако обвинетите Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо и Митре Митроповски ги повлекоа листите на докази и се изјаснија дека нема да дадат исказ пред судот во своја одбрана, останува уште одбраната на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа со што и се завршува доказната постапка во која обвинетите ја дадоа својата одбрана пред судечкиот совет.

По оваа фаза следуваат завршните зборови на обвинетите на рочиште кое ќе се одржи најверојатно наредната недела.

Сведочењето за Александар Василевски – Нинџа е закажано за в четврток. Адвокатот Сашко Дуковски пред судот изјави дека имаат уште неколку дополнителни докази, по кои судот треба да се произнесе дали ќе ги прифати или не, и доколку бидат прифатени тие ќе бидат презентирани пред судницата.

Покрај овие обвинети доказните материјали ги повлекоа и обвинетите Јохан Тарчуловски, Горанчо Ангелов, Владо Јовановски, Игор Дурловски и уште неколку.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На обвинителната клупа се: Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Треба да знаете
Последни објави