Search

„НАПО“ на највисоките  згради на Балканот

Повредите при работа се болна точка на нашето стопанство, годишно голем број на работници ги губат своие животи или се здобиваат со полесни или потешки повреди во текот на извршувањето на своите работни задачи- велат во Здружението за инжинери „Тутела“

Секоја година во четириесет и третата недела во годината, од страна на Европската агенција за безбедност и здравје се одржува Европска недела на безбедност и здравје при работа.
Тема на овогодинешната кампањата (2018 – 2019) која ја спроведува EUOSHA е Здрави работни места – Управување со опасни супстанци. Маскота годинава е „НАПО“.
Здружението на инженери за заштита „Тутела“, Скопје, како медиумски партнер на EU-OSHA (Европска агенција за безбедност и здравје при работа), за тековната кампања, во периодот од 22.10. – 26.10.2018 г. планира низа на активности кои ќе ги реализира во текот на Европската недела за безбедност и здравје при работа. Во самата реализација на активности се вклучени голем број на чинители од стопанството, универзитетите, стручните здруженија и државните институции.
„- Повредите при работа се болна точка на нашето стопанство. Голем број на работници годишно  ги губат своие животи или се здобиваат со полесни или потешки повреди во текот на извршувањето на своите работни задачи- велат во „Тутела“. Според нив проблемот е голем и е далеку од решение“.
(В.А.)
фото Слободан Ѓуриќ
Треба да знаете
Последни објави