Search

Наполи ќе го менува и Гатузо

Во редовите на италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи по изненадувачкиот пораз од Лече (2:3), повторно се размислува за смена на тренерската клупа. Како што пренесуваат италијанските медиуми во Наполи не се задоволни од тренерот Џенаро Гатузо, а како негови можни наследници се споменуваат: Иван Јуриќ, Џанпиеро Гасперини и Лучано Спалети.

На крајот од 2019. година, Наполи го отпушти Карло Анчелоти и на негово место го доведе Гатузо.

Наполи се надеваше дека ќе ја забележи третата победа во низа за искачување во горниот дел на табелата, но во неделата на домашен терен доживеа изненадувачки пораз од Лече (2:3), што предизвика големи критики на сметка на Гатузо.

-Во Наполи сериозно размислуваат во јуни да не му го продолжат договорот на Гатузо. Де Лаурентис бара алтернатива – пишуваат италијанските медиуми.

Calciomercato.it наведува дека Наполи под водство на Гатусо освојува помалку бодови, постигнува помалку и прима повеќе голови за разлика од времето кога на кормилото беше Анчелоти.

 

Треба да знаете
Последни објави