Search

Наполи ја промовираше статуата на Марадона па го прегази Лацио

Наполи набрзина го деласираше Лацио со 4:0, со три гола од седмата до 29. минута во вечер што беше убаво потсетување на една голема фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона.

Мечот против Лацио почна со свечена церемонија на стадионот што го носи името на Марадона, а беше откриена неговата статуа.

Во чест на големата светска и клупска легенда на Наполи, играчите на домашната екипа експресно го решија прашањето на победникот и останаа на врвот на табелата со 35 бода по 14 кола.

Дријс Мертенс, кој е најдобар стрелец во историјата на Наполи, постигна два гола, од кои вториот беше спектакуларен.

Првиот погодок на мечот беше дело на Пјотр Зјелински, а Наполи апсолутно доминираше и Фабијан Руиз со погодок во финишот ја запечати убедливата победа на лидерот во Серија А.

Од 64. минута за Наполи играше и нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Треба да знаете
Последни објави