Search

Наполи ја одби понудата на Ливерпул за Инсиње

Калчолигашот Наполи не ја прифати понудата на премиерлигашот Ливерпул за напаѓачот Лоренцо Инсин испратена во јануарскиот трансфер прозорец.

Според „Република”, неаполскиот клуб ја одбил понудата на „црвените” во износ од 61 милион фунти.

Наполи е подготвен да го продаде 27-годишниот Италијанец за 132 милиони фунти. Неговиот договор со неаполците е валиден до 30 јуни 2022 година.

Во тековната сезона, Инсиње играше на 27 натпревари за Наполи, постигна 11 гола и оствари пет асистенции.

Треба да знаете
Последни објави