Search

Наполи ја испрати Џенова во Серија Б

Италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи ја совлада Џенова (3:0) во претпоследното коло и ја испрати идната сезона да настапува во Серија Б. Во овој тримумф македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби прилика да биде на теренот во последните неколку минути како замена за Лоренцо Инсиње кој го одигра последен меч за наполитанците на стадионот „Диего Марадона“.

Џенова, донеодамнешниот клуб на Горан Пандев од кој зимоска замина во Парма, мораше да освои бод(ови) за да остане во трката за опстанок до последното коло.Виктор Осимен погоди за водство, а Инсиње на прошталниот меч од наполитанската публика зголеми на 2:0, а Лоботка на девет минути пред крајот стави печат на победата на Наполи. Џенова и се придружува на Венеција во преселбата во Серија Б.

Треба да знаете
Последни објави