Search

Наполи седми натпревар без победа во Калчо, Eлмаз остана на клупа

Тимот на Наполи продолжува да игра слабо во Серија „А”. Екипата на Карло Анчелоти го забележа седмиот натпревар без победа во Калчото. „Небесносините” стигна само до 1:1 во меч од 15 коло против Удинезе. Кевин Лазања реализираше за „бјанконерите” во 32-та минута, а Пјотр Желински му донесе бод на тимот од Неапол во 69-та минута.

Ѕвездите на Карло Анчелоти веќе девет последователни натпревари не знаат што е победа, откако имаат две реми во ЛШ, пет во Серија „А” и два порази во Шампионатот од 23 октомври. Уште еден погрешен чекор на тимот, кој пред сезоната беше посочен кон голем конкурент на Јувентус, може да го чини Анчелоти позицијата на клупата, кој не успева да ја извади својата постава од кризата.

Наполи е цели 17 бода зад лидерот Интер, заземајќи ја седмата позиција во првенството, со 21 поен. Удинезе не победи за четврти последователен натпревар, има 15 поени и остана на 14-то место.

Треба да знаете
Последни објави