Search

Наполи сака да го „врзе“ Елмаз со нов договор до 2025 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е во групата играчи со кои италјанскиот калчолигаш Наполи планира да го продолжи договорот до 2025 година.

-Работиме на продолжување на договорите со Елмас, Ди Лоренцо, Зјелински, Руи и Максимовиќ, порача Кристијано Џунтоли, спортскиот директор на Наполи.

Елмас вчера одигра речиси цел натпреавар за Наполи до 82 минута, на гостувањето кај Џенова на Горан Пандев и се израдува на триумф (2:1). Македонскиот репрезентаивец во 7 минута ја затресе и мрежата на Џенова, но погодокот беше поништен по интервенција од ВАР-собата. Пандев влезе во игра од клупата за резерви во последните дваесетина минути од натпреаврот.

Наполи  во Елмас препозна фудбалски потенција и затоа сака да го задржи во своите редови. Елмас пристигна во ланскиот летен преоден рок од турскиот Фенербахче за 16 милиони евра. Со бонуси трансферот може да стигне и до 19 милиони евра и е рекорден кој го направил македонски фудбалер.

 

Треба да знаете
Последни објави