Search

Наполи, Рома и Интер се здружуваат да ја прекинат доминацијата на Јувентус

Италјанските медиуми откриваат дека калчолигашите Наполи, Рома и Интер се здружиле за да ја прекинат осумгодишната доминација на Јувентус во фудбалската Серија А. Првит удар кој треба да и го зададат на „старата дама“ е да оневозможат преселба на Мауро Икарди од Интер во Јувентус.

Аргентинецот Икарди иако нема да остане во Интер, не му се дозволува да се пресели кај Јувентус. „Нераѕурите“ сакаат тој да оди било каде, само не кај лутиот ривал со кого очекуваат битка за титулата.

Наполи е еден од тимовите кој ги поскува услугите на Икарди, а од редовите на наполитанците  Аркадиуш Милик би се преселил во Рома, од каде пак на Един Џеко би му бил отворен патот кон Интер. Со оваа стратегија трите клуба ќе добијат нови напаѓачи кои го посакуваат, но не и Јувентус.
Проблем на трите клуба во реализацијата на стратегијата им прави Икарди кој не влегува во играта на раководствата од клубовите и сака да се пресели во Торино.
Треба да знаете
Последни објави