Search

Наполи победи за прв пат по 5 години со помалку од 35 одсто посед на топката

Екипата на италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи синоќа го победи Реал Сосиедад на гостувањето во Шпанија со 1:0 во 2. коло од групната фаза во Лига Европа. Натпреварот го одбележа успехот на калчолигашот, иако имаше само 34 одсто посед на топката.

Наполитанците победија за прв пат по повеќе од пет години во сите натпреварувања со помалку од 35% посед на топката.

Последен пат тоа се случи во јануари 2015 година, на мечот од италијанската Серија А против Лацио кога на крајот исто така беше 1:0 за Наполи.

Треба да знаете
Последни објави