Search

Наполи нуди 60 милиони плус бонуси за Икарди

Наполи предложиле 60 милиони евра плус бонуси на Интер за напаѓачот Мауро Икарди, кој е „замрзнат” во составот и нема да игра за Антонио Конте.

Според „Скај Италија”, дури и напаѓачот на „небесносините”, Аркадиуш Милик би можел да влезе во договорот, но износот на трансферот ќе се намали. До сега е јасно дека тимот од Милано сака по секоја цена да се ослободи од Аргентинецот, но во исто време тимот сака за него да земе голема трансфер сума.

Самиот фудбалер е сериозно спремен да игра за неаполитанците, но се сугерира дека клубот ќе се обиде да го убеди дека ова е вистинското место за него и на крајот да го заврши договорот за да го привлече.

Интер ќе мора да се ослободи од високата плата на „гаучосот” бидејќи тимот договори друг напаѓач – Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед.

Треба да знаете
Последни објави