Search

Наполи му достави ултиматум на Икарди

Калчолигашот Наполи му достави ултиматум на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, до полноќ да каже дали сака да дојде во Неапол. Претходно неаполитанците му понудија понуда на клубот од Милано во висина од 65 милиони евра, пренесува „Газета дело спорт”.

До крајот на денот, 27-годишниот Аргентинец ќе треба да ја објави својата одлука. Неговата иднина ќе стане јасна во наредните неколку часа.

Минатата сезона Икарди одигра 37 натпревари за Интер, постигна 17 гола и оствари пет асистенции.

Договорот на Икарди со „неро-азурите” важи до 30 јуни 2021 година.

Порталот „transfermarkt” го проценува Аргентинецот на 80 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави