Search

Наполи вечерва игра за Марадона: Цвеќе и дресови во сеќавање на Аргентинецот

Дербито на „Сан Паоло“ меѓу Наполи и Рома е полно со емоции. Пред почетокот на мечот, капитенот Лоренцо Инсиње постави венец пред трибините каде што стоеше огромна фотографија на Диего Марадона во дресот на Наполи, во чест на починатата аргентинска легенда.

Меѓутоа, Наполитанците не застанаа таму. На теренот излегоа со дресови во боите на Аргентина, односно дизајнот на дресот е сменет само за вечерва во сино-белата боја.

Пред почетокот на мечот, капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње, положи голем букет свежо цвеќе пред големиот постер со ликот на Марадона поставен пред секторите А и Б на трибините на стадионот во Неапол.

Ќе видиме дали и Елиф Елмас ќе добие прилика да истрча со овој дрес, македонскиот дијамнат чека шанса за настап од клупата за резерви.

Треба да знаете
Последни објави