Search

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира самиот да се затапува пред судот, а неговата одлука му ја соопштил на адвокатот кој му беше назначен по службена должност, Ричард Питерс.

Питерс со 28-годишниот Брентон Терант разговарал во петокот навечер додека бил во притвор и во саботата наутро во судот, а според кажувањата на адвокатот, Терант во текот на тие разговори бил смирен и артикулиран.

Следното рочиште е закажано за 5 април, до кога напаѓачот ќе биде во притвор, а полицијата соопшти дека тој е одвоен од другите затвореници односно се чува во специјално обезбеден објект, каде што е под надзор 24 часа.

Се претпоставува дека по појавувањето пред судија во саботата, тој е префрлен во градот Аукленд.

Адвокатот Питерс рекол дека Терант е луциден и ја разбира ситуацијата во која се наоѓа, објави агенцијата „Ројтерс“.

Покрај обвиненијата за убиство, полицијата соопшти дека најверојатно против него ќе бидат поднесени и други обвиненија

Треба да знаете
Последни објави