Search

Напаѓачот од Нов Зеланд дејствувал сам

Напаѓчот кој во петокот уби 50 луѓе и рани многу други во две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд дејствувал сам, но можеби имал поддршка, соопшти полицијата.

Полицискиот комесар Мајк Буш изјави: „Веруваме дека апсолутно имало само еден напаѓач кој е одговорен за ова“. Но, тој додаде дека полицијаѕта не ја отфрла можноста напаѓачот да имал поддршка од други луѓе и дека таквата претпоставка е многу важен дел од нивната истрага.

Австралиецот Брентон Тарант (28) беше обвинет за убиство во саботата, а судијата рече дека најверојатно ќе се соочи со повеќе обвиненија. Пред нападот, Тарант објавил на интернет  антиимигрантски манифест од 74 страници, а преку камера монтирана на кацига тој во живо го пренел нападот.

Австралиската полиција изврши претрес во домот на Тарант со цел да дојде до некаков материјал што би може да ѝ помогне на полицијата на Нов Зеланд. Комесарот Буш изјави дека австралиската полиција не открила ништо што би ја загрозило јавноста.

На прес-конференција што се одржа во понеделникот, сопственикот на една продавница за оружје рече дека тие му продале четири пушки и муниција на Брентон Харисон Тарант преку  онлајн нарачка одобрена од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави