Search

Напаѓачот во средното училиште во Паркленд се изјасни за виновен 

Николас Круз, напаѓачот во средното училиште во Паркленд, Флорида, денеска на судско рочиште се изјасни за виновен за убиството на 17 лица – 14 ученици и тројца вработени во школото. 

Како што јави Ен-Пи-Ар, со изјаснувањето дека виновен се избегнува судење, но започнува правна борба за тоа каква треба да биде пресудата за Круз за стореното грозоморно дело во 2018 година. 

Одбраната се надева даке може да избегна смртна казна побарана од обвинителите.  

Круз се соочува со 17 тужби за убиство од прв степен и дополнители 17 тужби за обид за убиство. Првично, тој се изјасни дека не е виновен, но неговите застапници неодамна укажаа дека нема да ја спорат неговата вина и наместо тоа побараа од судот тој да биде осуден на 17 доживотни затвори. 

Селекцијата на поротата за процесот за донесување пресуда треба да започна на 4 јануари 2020 година. 

Сослушувањето денеска ги врати спомените од трагичниот настан на Денот на вљубените (Валентин) во 2018 година, кога Круз влезе во школото каде претходно учел и со автоматска пушка АР-15 започна стрелба по учениците низ ходниците и училниците. 

На сесијата, откако се изјасни за виновен, Круз се извини за своите постапки и рече дека сега сака да им помага на луѓето. 

-Мошне жалам за тоа што го сторив и треба да живеам со тоа секој ден. Ова го правам за вас и не ми е грижа ако не ми верувате. Ве сакам и знам дека не ми верувате, изјави тоа и рече дека редовно имал кошмари. 

Веднаш по сторениот масакар, напаѓачот беше уапсен и одговорноста за стореното тешко злодело стана очигледна кога веднаш потоа беше откриено видео во кој тој зборува за своите планови и во каква умствена состојба се наоѓа. 

-Со моќта на мојата АР ќе дознаете кој сум. Мојот живот е ништожен. Живеам осамен живот. Живеам повлечено и самотнички. Ги мразам сите и сѐ, вели тој во видеото. 

Убиецот се соочува со најверојатна смртна казна која е легална во Флорида.  

Паркленд ги засили повицита во САД за поефективна контрола на законот за слободно чување и носење оружје.

Треба да знаете
Последни објави