Search

Напад со нож во Франција, убиено едно лице

Едно лице е убиено, а шест се повредени во предградие на францускиот град Лион во напад со нож, јави локалната полиција.

Како што пренесе „Ројтерс“, осомничениот за нападот е уапсен, а во тек е потрага по уште еден напаѓач кој во моментов е во бегство.

Засега не се познати мотивите за нападот, наведува агенцијата, додека локалните медиуми пренесуваат дека напаѓачите со ножеви нападнале случајни минувачи.

Треба да знаете
Последни објави