Search

Напад со нож во трговски центар во Мелбурн – избодени двајца мажи

Двајцата мажи се пренесени во болница откако биле избодени со нож во трговски центар во Мелбурн.

И двајцата се здобиле со повреди опасни по живот за време на нападот на плоштадот Беркли, во предградието на Бранзвик, кој бил извршен нешто по осум часот наутро, и тие биле пренесени во болница во стабилна состојба, пренесува британскиот весник „Гардијан”.

„ Прво слушнавме само врескање, но не обрнувавме многу внимание на тоа, но потоа рече бегај, има некој со нож!“ изјави работник во месарница што се наоѓа во близина на нападот.

Тој и другите работници се засолниле во задниот дел на продавницата, пред полицијата да ги евакуира половина час подоцна.

Очевидци на настанот велат дека трговскиот центар бил евакуиран и дека сите вработени останале затворени во своите продавници.

Еден маж бил уапсен на лице место и со повреди бил пренесен во болница.

Полицијата изјави дека не бара ниту едно лице и дека нема закана за заедницата.

Треба да знаете
Последни објави