Search

Напад на јапонски лекар во Авганистан, петмина убиени

Досега непозната вооружена група пукаше во возилото на јапонски лекар и хуманитарен работник денес во источен Авганистан, при што тој е тешко ранет, а петмина Авганистанци загинаа, соопштија властите.

Меѓу убиените се телохранителите од јапонскиот лекар, возачот и друг патник.

Нападот се случил во источната провинција Нангархар, при што цел бил јапонскиот лекар Тетсу Накамура кој се упатил кон главниот град на провинцијата, Џалалабад, изјави портпаролот на провинцискиот гувернер Атаулах Хоџани.

За Накамура се вели дека е во критична состојба и ќе биде префрлен во Кабул по операцијата во локалната болница, изјави портпаролот на болницата Ѓулзад Сангер.

Според АП, Накамура ја води јапонската добротворна организација во Нангархар уште од 2008 година.

Тој дојде во Авганистан откако неговиот јапонски колега Казуја Ито беше киднапиран и убиен.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот досега, втор во последните неколку недели чија цел се работниците за хуманитарна помош во Авганистан.

Талибанците и Исламската држава се активни во покраината, забележува американската агенција.

Треба да знаете
Последни објави