Search

Напад над безбедносните сили во Авганистан, четворица мртви

Најмалку четворица припадници на авганистанските безбедносни сили загинаа, а шест се повредени во денешниот самоубиствен напад на конвој на безбедносните сили во предградие на Кабул.

Засега никој не презеде одговорност за нападот што со автомобил го изврши бомбаш самоубиец. Новинската агенција „АП“ потсети дека во Кабул нападите ги изведуваат талибанците и припадниците на „Исламска држава“.

Доцна синоќа, во провинцијата Кандахар на југот во земјата, во напад на талибанците убиени се осум полицајци.

Портпаролот на провинцискиот гувернер рече дека 11 бунтовници загинале во немирите.

Талибанците контролираат речиси половина од територијата на Авганистан и секојдневно изведуваат напади, а нивна цел воглавно се припадниците на безбедносните сили, додава „АП“.

 

Треба да знаете
Последни објави