Search

Напад во полициската академија во Богота, порасна бројот на жртви

Во нападот со автомобил бомба на полициската академија во Богота загина најмалку 21 лице, а 68 се повредени. Претходниот биланс беше 1о мртви.

„За жал, прелиминарниот биланс е 21 мртво лице, вклучувајќи го и напаѓачот, а повредени се 68 лица“, наведе полицијата преку соопштение и додаде дека 58 повредени лица излегле од болница.

Експлозијата се случи на промоцијата на офицери во полициската академија.

Напаѓачот е идентификуван како Алдемар Рохаз Родригез и е по потекло од Колумбија. Тој го извршил нападот со комбе во кое имало 80 килограми експлозив.

Ова е најголем напад од потпишувањето на мировниот договор од 2016 година со герилската организација Револуционерни вооружани сили на Колумбија.

Колумбискиот претседател, Иван Дуке вчета беше вон главниот град, но веднаш се врати во Богота, оценувајќи го нападот како терористички чин. Претседателот прогласи тродневна жалост во земјата.

Властите не наведоа дали напаѓачот бил поврзан со илегална вооружана група која и понатаму делува во Колумбија, посебно околу трговијата со дрога, откако е потпишан договорот.

Треба да знаете
Последни објави