Search

Нападнат доктор на Токсикологија, побарал помош на Ургентен

Доктор на Клиниката за Токсикологија во комплексот „Мајка Тереза“ попладнево бил нападнат, по што побарал помош во Ургентниот центар, јавува Сител. Станува збор за дежурен лекар кој завршил со неколку хематоми и расекотини по телото, откако го нападнал татко со дете.

Причина за нападот, според објаснувањето од клиниката,  е неочекуваната реакција на родителот откако му било кажано дека детето што го носел на преглед било под 14 години и го упатиле на Педијатрија.

По таквиот одговор дошло до напад на лекарот, кому во Ургентниот центар му направиле КТ на глава и констатирале површен хематом кај окото, еден кај подлактицата и расекотини.

Треба да знаете
Последни објави