Search

Нападнат автобусот на Атлетико Мадрид, Симеоне се судри со навивачи (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид е елиминиран во Копа дел Реј. Тој го положи оружјето на „Сан Себастијан“, каде Реал Сосиедад славеше со 2:0 (1:0) и се пласираше во четвртфиналето.

Тоа е епилогот… Сепак, на играчите и стручниот штаб на клубот од Мадрид им беше приредено „топло добредојде“ во овој баскиски град. Поголема група домашни навивачи го чекаа автобусот на „јорганџиите“ и фрлаа кон него со јајца и други предмети. Ги навредуваа и гостите.

Тренерот Диего Симеоне не можеше да издржи. Популарниот Чоло стана и дојде до вратата на автобус кој се движеше низ толпата. Влезе во вербален конфликт со навивачите на Реал Сосиедад. Сè што требаше да направи е да побара од возачот да му ја отвори вратата…

Симеоне уште еднаш покажа колку е темпераментен.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави