Search

Наоми Кемпбел го покажа својот луксузен дом во Кенија

Во интервју за „Аркитекчр дајџест”, Наоми Кемпбел ги отвори вратите на своето луксузнно, но мирно засолниште во источна Африка, поточно во Кенија…

Посетата на местото Малинди во Кенија ја маѓепсала Кемпбел – една од најпознатите супермоделки од 1990-тите. Кон крајот на минатиот век, таа доминираше на пистите за „Шанел”, „Вивиан”, „Вествуд” и „Версаче”, а потоа купи огромна вила во малиот приморски град, која ѝ служи како одморалиште повеќе од 20 години. Крај вилата, тиркизен базен полн солена вода се наоѓа на самата сончева тераса, веднаш во дневната соба.

– Тоа е многу смирувачко место. На пр., не ви треба телефон тука… Ниту пак, телевизија. Тука само сакате да читате и да бидете сами со себе. Убаво е да се ужива во тишината, вели таа.

Голем дел од дрвениот мебел во куќата е направен во Малинди. – Всушност, порано имавме работилница на задниот дел од куќата. А, и Сенегал има неверојатен мебел. Секојпат кога сум таму, купувам по некое парче мебел, додава британската манекенка.

Усвоената работна етика, вели модната кралица, е тоа што ѝ овозможило да има феноменална 35-годишна кариера како модел, но и како глумица.

„Сите локални жители зборуваат италијански“, споделува Кембел. „Тоа е како Мала Италија во Источна Африка“.

 

Треба да знаете
Последни објави