Search

Наоми Кембел ќе го донира својот скафандер на музеј

Наоми Кембел е подготвена да го донира својот познат заштитен костим на музеј.

49-годишната манекенка во март беше забележана на аеродромот во Лос Анџелес , во заштитна облека од глава до пети – скафандер, маска за лице, заштитни очила и ракавици од латекс – со што покажа дека не сака да ризикува за време на патувањата во услови на пандемија.

А сега Наоми откри дека била контактирана од музеј во врска со костимот, бидејќи тие би сакале да ја изложат нејзината иконска облека.

Супермоделот претходно изјави дека го облекла костимот со цел да се чувствува заштитено и удобно за време на нејзиниот лет.

Треба да знаете
Последни објави