Search

Наоми Кембел не се срами да каже дека е лекувана зависничка

Таа е една од најпознатите супермоделки на сите времиња, позната и како „Црниот Пантер“, која модните куќи продолжуваат да ја ангажираат за да биде нивно заштитно лице. Наоми Кембел ќе наполни 50 години во мај следната година, а во своето последно интервју за магазинот WSJ открива дека сè уште нема намера да се откаже од модниот свет во корист на мајчинството, за што таа сè уште не е подготвена, пишува „Дејли мејл“.

Себеси се гледа како мајчинска фигура на многуте деца со кои се сретнала за време на нејзината добротворна работа, на бројни патувања низ Африка и организирање добротворни вечери. Освен за мајчинството, во интервјуто Наоми зборуваше и за својот осаменички живот, откако помина многу години во врски со влијателни мажи.

„Да се ​​живее сам, не значи дека сте осамени. Немам време да ми биде досадно или да бидам осамена. Приватноста е исклучително важна за мене, затоа секогаш се грижам дека мојата работа нема да ми го дозволи тоа“, додаде таа.

Таа вели дека живее „нов живот“ и тоа – трезен и признава дека била зависничка од алкохол и дрога.

„Преживеав! Не можам да кажам дека сега живеам исклучително чист живот, ниту се преправам дека го водам. Не ми беше срам да признам дека сум зависник и благодарна сум на Бога што денес конечно сум лекувана зависничка и лекувана алкохоличарка“, рече Наоми.

Треба да знаете
Последни објави