Search

Намирници кои никогаш не треба да ги замрзнувате

Додека некоја храна ги менува вкусот и мирисот по замрзнувањето, друга има потенцијал лошо да влијае по здравјето доколку е одмрзната, па повторно замрзната.

 

Направивме листа на намирници кои никогаш не би требало да ги замрзнувате бидејќи на тој начин ја губат свежината, односно вкусот.

1. Одмрзнато месо или риба

Кога еднаш ќе одмрзнете риба или месо треба да ги изедете истиот ден, односно не треба повторно да ги замрзнувате. На одмрзнатото месо можат да се појават бактерии, а со повторното замрзнување тие остануваат во месото.

2. Пржена храна

Пржената храна може да ја чувате во фрижидер, но не треба да ја замрзнувате бидејќи целосно ќе го промени вкусот, нема да биде крцкава и вкусна по замрзнувањето.

3. Млеко

Ако размислувате да замрзнете млеко во случај на вишок, немојте. Одмрзнатото млеко ќе има грутки па нема да биде идеално за напитоци, но без проблеми може да го користите за готвење.

4. Краставица

Додека многу зеленчуци можат да се замрзнат, тоа не е така со краставиците бидејќи содржат доста вода. Покрај краставиците, други зеленчуци кои не се за замрзнување се целерот, зелката, тиквичките и зелената салата.

5. Сирење и кашкавал

Кашкавал може да се замрзне, но меките сирења не се препорачува бидејќи ќе ги променат текстурата и вкусот.

Пармезан или гауда може да замрзнете, тие нема да бидат „уништени“ со замрзнувањето.

6. Зготвени тестенини

Одмрзнатите зготвени тестенини ќе впијат многу вода и ќе станат без вкус. Доколку сакате да ги замрзнете, тогаш зготвените макарони на пример не ги одмрзнувајте, туку веднаш ставете ги во солена зовриена вода неколку минути, за да го вратат стариот вкус.

Треба да знаете
Последни објави