Search

Наместо во карантин заминал во сауна – маж од Јужна Кореја осуден на 4 месеци затвор

Судот во Јужна Кореја осуди маж на 4 месеци затвор за одбивање да се придржува кон мерките за карантин, пренесува Си-Ен-Ен.

Окружниот суд во провинцијата Кјонги-до, која е една од најтешко погодените области на коронавирусот во земјата, осуди маж за кршење на законот за контрола и спречување на заразни болести.

Властите соопштија дека тој одбил да остане дома или во државен карантин, и посетил јавни места, вклучувајќи сауна и продавница, и покрај повторените предупредувања да не го прави тоа.

Треба да знаете
Последни објави