Search

Намален водостојот на Охридското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Сепак, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 2,8 метри повисок од просечниот за јули, додека нивоата на Преспанското и Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,1 метар кај Преспанското и за 10 сантиметри кај Охридското.

Пониски од просечните се и водостоите на сите реки во земјава, со исклучок на Бабуна каде нивото е повеќе од двојно повисоко од просечното, и најчесто бележат дополнително намалување во однос на вчера.

Треба да знаете
Последни објави