Search

Намален бројот на баратели на азил во ЕУ

Европската канцеларија за азил објави податоци за минатата година, кои покажуваат дека бројот на барања за азил во земјите членки на Европската Унија е намален, но намалена е и стапката на одобрени барања. Сирија, Авганистан и Ирак и понатаму се на прво место по бројот на потенцијални азиланти во ЕУ.

Извештајот покажува дека веќе трета година по ред по мигрантската криза во 2015 година доаѓа до намалување на бројот на барања за азил.

„Во текот на 2018 година поднесени се 634.000 барања за азил, што е 10 отсто помалку од 2017 година и слично како во 2014 година. Овој тренд следува по значителниот пад од 44 отсто на бројот на поднесени барања за азил во 2017 година во однос на 2016 година“, се наведува во извештајот.

Во 2018 година пораснал бројот на баратели на азил во ЕУ од Грузија, Турција и од Венецуела. Лани позитивно е одговорено на една третина од вкупниот број поднесени барања.

Треба да знаете
Последни објави